ЗА НАС
Основната дејност на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи се состои од вршење на стручни и развојни работи поврзани со постапката на акредитација и постојано унапредување на квалитет на здравствена заштита како што се: развивање на стандарди за акредитација, проценка на квалитетот на работење на здравствените установи (акредитација), издавање на сертификати на акредитирани здравствени установи и нивна евиденција.
Во своето работење, агенцијата клучниот фокус го насочува кон сестрано унапредување на квалитет и безбедност на пружање на здравствена заштита, со помош на претходно утврдени механизми за евалуација на квалитет и акредитација во здравството. Како клучен чинител во здравствениот систем, напорите на Агенцијата се постојано ориентирани кон промоција на димензијата на квалитет и акредитација со цел чекорење со постоечките современи трендови.
ВИЗИЈА
МИСИЈА
ПРИНЦИПИ
-
Потполна посветеност на потребите на пациентите и здравствениот систем;
-
Усогласеност со највисоките етички стандарди на транспарентност, почитување, интегритет, ефикасност и ефективност;
-
Стремеж за постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита, фокусирана на пациентот, неговото семејство и најблиското опкружување;
-
Постојано унапредување на знаењето и вештините на сите вработени.
ИСТОРИЈАТ НА АКАЗУМ
Претставниците на Секторот за следење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги како членови на Работната група за изработка на новиот Закон за здравствена заштита, предложи и ги изработи законските одредби на новото поглавје за квалитетот на здравствена заштита.
Во рамките на овој закон кој влезе во сила во Мај 2012 година, се постави законска рамка за спроведување на активностите за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и за формирање и функционирање на Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Во јули 2014 година е почнува со работа Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, која што на национално ниво ги координира политиките и активностите за следење и унапредување на квалитетот на здравствена заштита.