КВАЛИТЕТ
Квалитет на здравствената заштита претставува систем на мерки и активности со кои, во согласност со современите достигнувања на медицинската, стоматолошката и фармацевтската наука и пракса, како и знаењата и вештините на здравствените работници, се зголемуваат можностите за најповолен исход на лекување и се намалуваат ризиците од несакани последици по здравјето и здравствената состојба на поединецот и на заедницата.
Постојано унапредување на квалитет
Постојаното унапредување на квалитетот претставува континуиран процес чијашто цел е постигнување на повисоко ниво на ефикасност и успешност во работата, како и поголемо задоволство на корисниците на здравствени услуги и оние кои ги пружаат тие здравствени услуги.
Постојаното унапредување на квалитетот на здравствената заштита се заснова на вредностите кои се вградени во концептот за квалитетот на работата:
-
Насоченост кон корисникот – пациентот,
-
Безбедност;
-
Делотворност;
-
Правовременост;
-
Ефикасност;
-
Правичност.