ИСТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ
Помеѓу тие кои дале значаен придонес во раните фази на оваа област се истакнува Игнас Семелвис, акушер од 19 век кој ја потенцирал важноста на миењето раце од страна на медицинскиот персонал.
Подоцна Ернест Кодман, хирург кој преставувал пионер за креирањето на болничките стандардите и ги потенцирал и имплементирал стратегиите за проценка на резултатите од здравствената заштита. Исто така Ли и Џонс кои во 1933 год. го објавуваат капиталното дело ,,Основите на добрата медицинска пракса”.
Во текот на изминатиот половина век се направени значајни напори за подобрување на квалитетот на здравствената заштита. Значителни напори се направени од страна на академското движење за квалитет на здравјето. Ваквите напори беа лансирани преку серија на апстракти во кој се однесуваа на реинжинеринг и реконструкција на системите за здравствена заштита, идентификација на медицинските процеси кои влијаат на здравјето на пациентите, надградување на добрите перформанси, подобрување на методите на мониторинг и проценка на перформансите, примена на алатките за брзо развивање на квалитетот, јавен пристап на податоците за квалитет и слично.
Во областа на квалитетот на здравствената заштита, најголемиот придонес при крајот на 70-те години од минатиот век го дава Аведис Донабедиан од Харвард. Неговата активност ја опфаќа систематизацијата, категоризацијата и критичката евалуација на знаењата од областа на оценување и обезбедување на квалитет, како на теоретски и концепциски план така и од аспект на развивање на инструменти за проценка на квалитетот. Тој прв ја спроведува споредбата помеѓу здравствената заштита што се дава и таа која се очекува, врз основа на дефинирани стандарди како инструменти за мерење.


Постојат три историски традиции кои имаат влијание на еволуцијата на квалитетот на здравствена заштита кои илустрираат изолацијата во развојот на квалитетот на здраствена заштита и нивна еволуација:

Советот на Европа во 1988 год. како рамка за споредување и координирање на активностите кои се преземаат во различни земји ја предложи програмата ,,Димензии на системот за унапредување на квалитетот”. Истата година се постигна договор за соработка во областа на унапредување на квалитетот на здравствената заштита, додека во Мај 2000 год. Европската Унија ја усвои новата здравствена политика која ги зема во предвид препораките за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
Советот на Европа во 2006 год. ги усвои основните препораки за безбедност на пациентите како мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита. Овие препораки исто така опфаќаат и едукација за безбедност на пациентите преку стимулирање на истражувањата во оваа област, како и соработка на национално и меѓународно ниво.
Регионалниот комитет за Европа на СЗО кој ги опфаќа делегациите на Министерствата за здравство на земјите членки во 1998 год. го усвои документот “Здравје 21- здравје за сите во 21 век”, кој има 21 цел. Цел 16 “Управување со квалитетот на здравствената заштита” содржи неколку заклучоци меѓу кои и следниот:
-
До 2010 год. сите земји членки потребно е да имаат еден државен механизам за постојано следење и унапредување на здравствената заштита за најмалку десет најбитни здравствени состојби, вклучувајќи го мерењето на здравствениот учинок, исплатливоста и задоволството на пациентите.
-
Во септември 2009 Советот на Европа донесе препорака во врска со безбедноста на пациентите и во тие рамки и за превенција и контрола на заразните заболувања.