ДИРЕКТОР

Д-р Каљтрина Беќири е искусен професионалец во областа на стоматологијата со работен стаж од десет години.

Во 2018 година дипломирала на Универзитетот во Тетово, на Медицинскиот факултет, отсек за Стоматологија и се стекнала со титулата Доктор Стоматолог. Своето десетгодишно работно искуство од областа на Стоматологијата го добива како асистент стоматолог во клиника за стоматологија и протетика „Протетика АГ“ – Тетово. Од октомври, 2020 година е именувана како вд директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Својот професионализам го докажува и со тоа што е автор и коавтор на повеќе од 20 стручни дела кои ги има презентирано на конгреси, симпозиуми и национални конференции, а се објавени и во стручни списанија со импакт фактор.

Покрај академското образование, Д-р Беќири поседува сертификати од активно учество на конгреси во нашата земја како и во Албанија, Германија, Бугарија, Грција и Индија.

Има полно познавање од албанскиот јазик кој е нејзин мајчин јазик, одлично ги зборува македонскиот и англискиот јазик.