Акредитацијата претставува постапка на оценување на квалитетот на работата на здравствените установи врз основа на применување на оптималното ниво на утврдените стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

Процесот на акредитација опфаќа пет карактеристични етапи:

1. Подготовката на здравствената установа

2. Самооценувањето

3. Оценувањето на надворешните оценувачи на прилагоденоста на работата на установата со стандардите за акредитација

4. Спремањето на финалниот извештај и одлуката за доделување на акредитација од страна на АКАЗУМ.

5. Континуираната процена и следењето на извршување на планот за унапредување на квалитетот

Слика 2. Процес на акредитација и реакредитација